Во текот на вчерашниот ден во 10: 40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, делница Струмица-с.Костурино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Богданци, патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.М.(34) од с.Банско, и патничко моторно возило „Фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(37) од Струмица. Во незгодата З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле девет лица од другите возила. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

748

Најчитани вести