Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возачи управувалe возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради
поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози.

31

Најчитани вести