Исланд официјално му подигна споменик на својот прв исчезнат глечер, жртва на затоплување на климата.

Окјокул, првиот целосно истопен глечер на островот, е симбол на предупредувањето на научниците за ефектите од климатските промени.

„Тоа е прв споменик подигнат во чест на глечер што исчезнал поради глобалните климатски промени“, рече Симен Ху, професорка по антропологија на Универзитетот Рајс во Соединетите Држави, која го иницираше подигнувањето на споменикот.

Со плочата на која со златни букви на исландски и англиски јазик е напишано „Писмо за иднината“, научниците се надеваат дека ќе ја истакнат опасноста од исчезнувањето на глечерите и ефектите од климатските промени.

Научниците се загрижени поради  очекуваното исчезнување на 400 глечери на тој субарктички остров во рок од 200 години.

извор: Makfax

27

Најчитани вести