Италијанската анти-естаблишмент партија Движење пет ѕвезди (М5С) објави дека претседаталот на десничарската Лига, Матео Салвини веќе не е веродостоен партнер и на овој начин се чини ја затвори вратата за каква било можност за продолжување на соработката во коалициската влада.

Претседателството на Движењето се состана во недлата за да ги утврди своите ставови за кога премиерот Џузепе Конте во вторник во Сенатот ќе зборува за кризата во власта, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Сите присутни се согласија дека Салвини повеќе не е веродостоен соговорник“, се вели во соопштението на Движењето.

Наводно, на состанокот присуствувале водачот на Движењето, Луиџи Ди Мајо, претседателот на Долниот дом, Роберто Фико и Александро Ди Батиста, кој не е во парламентот, но важи за политичар со најголема харизма и многу поддржувачи.

На 8. август, Салвини објави дека коалицијата со Движењето Пет Ѕвезди веќе не функционира и повика на предвремени избори.

извор: Makfax

49

Најчитани вести