Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија. Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници. Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата, со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.

 

Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

551

Најчитани вести