ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во иминатите седум дена санкционирале 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од општината, во периодот од 12 до 18 август, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, од кои две несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 124 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

извор: Makfax

31

Најчитани вести