Училиштата во САД по закон имаат право да бараат одреден начин на облекување, а многумина сметаат дека со тоа посебно се дискриминираат жените и се зајакнуваат стереотипите.

На Универзитетот во Њујорк, студентката Летиша Чајје бранела дипломски труд во долна облека со намера остро да протестира затоа што никој не се жалел што носи шорц.

„Студентките се одамна на мета, затоа што ние во Америка имаме многу ограничувања за тоа што е прифатливо да носи жената. И оттогаш почнуваат правилата како жените да се облекуваат и однесуваат“, објавила Ејдријен Диксон од Универзитетот во Илионис.

Студентката Корнела Летиша Чај покренала јавна дебата кога во живо на Фејсбук го пренесувала својот протест.

„Ве молам да ми се придружите затоа што ова ја погодува нашата личност и не погодува директно во срце. Јас сум повеќе од само една Азијатка. Јас сум повеќе од само една жена“, рекла студентката Летиша Чај пред да се соблече и да ја одбрани дипломската.

Чај е студентка на размена од Кореја и смета дека на жените не треба да им се одредува како да се облекуваат за да ги задоволат мажите.

1,483

Најчитани вести