Зоран Заев без срам признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за правните работи во ДУИ, кој што претходно директно го обвини дека вршел притисок врз него да влијае на одлуките на Судскиот совет, кажа денеска пртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски. Според датата која што ја наведе Беџети, тогаш беше суспендиран Владимир Панчевски, а беше одложена расправата за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски“, кажа партискиот портпарол.

Поради ова, Стоилковски побара премиерот директно да одговори дали нарачал Јово Вангеловски да биде разрешен до септември.

„Ова е јасен доказ за нарачани судски одлуки, местење на судски процеси, местење и нарачки на членови и распоредување на судии, ова е јасен доказ за целосна зависност, потчинетост, окупација на правниот систем во Република Македонија“, посочи тој нагласувајќи дека од Заев ништо помалку од оставка веќе не е валидно.

извор: Makfax

32

Најчитани вести