Двајца пензионери, 78-годишниот Рон Смит и 72-годишниот Роберт Андерсон стана јунаци во британското градче Пенделбери. Имено, тие двајцата заробија разбојник во една продавница, кој ги одземал парите од касиерката а потоа и се заканувал со нож.

Прво Рон и Роберт заедно ја држеле вратата за крадецот да не може да излезе од рподавницата, а кога тој тргнал кон задниот излез, едниот од нив потрчал таму и го сопрел.
Обајцата ги алармирале минувачите кои им помогнале, а кога крадецот на крајот решил да излезе низ прозорецот на катот од зградата, го совладале луѓето што се насобрале на улицата.
Освен тоа, Рон и Роберт бргу ја пуштиле продавачката да излезе од продавницата додека крадецот го барал задниот излез.
Полицијата го привела крадецот, граѓаните им се заблагодарија на старците, а тие пак станаа вистински ѕвезди на интернет.

[video:https://youtu.be/DLk-IhQAK_Q width:650]

 

Најчитани вести