Италијанскиот сенат во вторникот ја одложи до следната недела дополнителната расправа за тековната владина криза, попречувајќи го обидот на лидерот на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини за свикување нови избори.

Во своето обраќање пред Сенатот за време на специјалната седница, Салвини рече дека би прифатил предлог на Луиџи ди Мајо од Движењето Пет Ѕвезди за намалување на бројот на пратеници и одржување на избори.

Но, Движењето Пет Ѕвезди рече дека тие не го прифаќаат „компромисот“, освен доколку Салвини не го повлече својот предлог за изгласување недоверба.

Италијанската коалициска влада со недели е на работ на колапс.

Салвини минатата недела рече дека неговата десничарска партија Лига повеќе нема да го поддржува сегашниот сојуз со Движењето Пет Ѕвезди.

Салвини се надева дека ќе има нови избори уште оваа есен, бидејќи се обидува да ја искористи растечката популарност на партијата.

Несогласувањата во коалицијата ескалираа минатата недела кога Движењето Пет Ѕвезди се обиде да ги блокира плановите за брза алпска железничка врска меѓу Торино и Лион.

Лигата претстави иницијатива за недоверба против премиерот Џузепе Конте во петокот.

извор: Makfax

1

Најчитани вести