Високиот суд за прекршоци донел правосилна пресуда во која изведувачот на песната “Бојна Чавоглаве“ е правосилен прекршок и е казнет поради јавно извикан поздрав “за дом подготвен“ на нејзиниот почетокот.

Со пресуда пак не е казнет изворниот пеач и автор на песната Марко Перковиќ Топсон, туку пеач од Макарска - Марио Росо кој песната со поздравот ја извел во Макарска за време на одбележување 20 години од “Бура“.

- Нека кажат дали таа песна е забранета или не. Или нека кажат дали јас не смеам да ја изведувам, а Томпсон смее – коментирал Росо.

Во пресудата стои дека поздрав “за дом“ и “за дом подготвени“ е користен како службен поздрав на усташкото движење на НДХ кој настанал од фашизмот и кој се базира на расизам и со тоа симболизира омраза спрема луѓе од различни раси и верски и етнички идентитет.

- Без обзир на наведената жалба дека ја отпеал песната онака како е објавена во изворниот текст на песната ‘Бојна Чавоглаве’ која е озаведена во Агенција за заштита на авторски музички права на Хрватска, обвинетиот можел и требал да биде свесен од можно негативно влијание со извикување на овој дел од песната и требал да се воздржи од такво однесување – стои во образложение на пресудата од Високиот суд за прекршици кои го потпишува претседателот на трочлениот сутски совет, Синиша Сењановиќ.

Исто така се додава дека поздравот како дел од авторското право на авторското дело не го менува фактот дека симболизира омраза спрема спрема луѓе од различни раси и верски и етнички идентитет, манифестација со расистичка идеологија како и потценување на жртви на злочин против човечноста кој е спротивен на одредбата во член 39 од Уставот на РХ, кој забранува секаков повик или потик на национална, расна или верска омраза или во било која форма на изведба.

6

Најчитани вести