Loading..

Професорот Бил Саливан од Медицинскиот факултет при Универзитетот Индијана тврди дека постојат мутации во гените на британскиот рок-пејач Ози Озборн. Само заради оваа мутација, покрај долгогодишното консумирање дрога и алкохол, Озборн е сè уште жив, пишува „Њујорк тајмс“. Саливан вели дека мутациите во неговата ДНК му дозволуваат да пие алкохол во огромни количества и ја определила неговата предиспозиција за зависност од наркотици.

„Ози навистина е генетски мутант“, напишал Саливан во своето истражување за влијанието на ДНК врз однесувањето на човекот.

Во 2010 година научниците од компанијата Knome Inc., од американската сојузна држава Масачусетс, кои се занимаваат со проучување на гените, решиле да ги истражуваат необичните човечки ДНК, па стапиле во контакт со Ози Озборн. По извршените тестови, тие откриле дека пејачот имал претходно неистражена мутација, којашто го направила имун на долгорочните ефекти од алкохолот.

Според Саливан, варијациите на генот влијаат врз човекот. Кај некои луѓе, на пример, се јавува зависност од слатки, кај некои разнородноста на гените предизвикува зголемена наклонетост кон кафето. Гените не влијаат само на основните емоции, сексуалноста туку и на политичките определувања на луѓето, тврдат научниците. Така Саливен ја објаснува мутацијата кај 70-годишниот пејач, којашто предизвикала зајакнување на заштитниот механизам на организмот кај Озборн и го направила отпорен на разни стимуланси.

Весникот пренесува дека сега „Нешнал џиографик“ ќе печати книга со разултатите од студијата за влијанието на мутациите на ДНК врз однесувањето и здравјето на луѓето. Во неа ќе биде опишан и примерот на генетските промени кај Озборн, кој никогаш не криеше дека употребувал дроги и алкохол во поголемиот дел од својот живот.

извор: Makfax

Најчитани вести