На аеродромот во Хонгконг вечерва дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата. Безбедносните сили влегоа на терминалот, каде поради протестите е оневозможена работата на овој фрекфентен аеродром веќе два дена.

Полицијата употреби бибер спреј во обид да ги растера демонстрантите, кои го блокираа влезот на терминалот со колички за багаж. Демонстрантите пак, фатија две лица под сомнение дека се тајни агенти. Со помош на возило на Брза помош осомничените агенти беа извадени од аеродромската зграда.

Во текот на денот, кус период се одвиваа летови, за потоа повторно да бидат откажани сите полетувања. Претседателката на извршната власт на Хонгконг, Кери Лам предупреди дека демонстрантите ја свртеле ситуацијата на „пат без враќање“.

Европската унија ги повика „сите страни“ да покажат воздржаност, во услови на растечки тензии и немири во Хонгконг.

Демонстрантите, кои неколку дена го окупираат аеродромот во Хонгконг, поради што од вчера откажани се сите летови од него. Голем број меѓународни патници се заглавени на аеродромот во Хонгконг поради протестите.

извор: Makfax

1

Најчитани вести