Loading..

Кога станува збор за темперамент, често се подразбира психолошка карактеристика: длабочина и стабини емоции, енегични дејства, идивидуални особини на однесување.

Постојат многу методи за решавање на ова прашање.

На далечн исток темпераментот на човекот со векови се одредува преку крвната група, а Јапонците идат дотаму што при вработување во обзир ја земаат токму крвната група.

Темпераментот на жената спрема крвната група:

(О) нулта група

Жени на оваа крвна група се доста егоцентрични. Во односи со мажи се многу љубоморни и стравствени. Доминантни и силни личности се. Овие претставнички на поубавиот пол се обидуваат во се да ги контролираат своите партнери, така што мажите во обид да изневерат, тоа тешко ќе им помине. Овие жени спрема мирни и слаби партнери брзо стануваат рамнодушни. Вреди да се напомене дека меѓу успешни жени, и познати личности доминираат токму жени со оваа крвна група. Од своите партнери очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги владеат од позадина, и често активно учествуваат во градење кариера на своите сорузи. Како мајки спрема дерца се поставуваат другарски, особено пријателски, а сопствените амбиции ги реализираат преку сопругот и децата.

(A) крвна група

Оваа крвна група ги карактеризира жени кои се одликуваат со трпение и смиреност. За нив владее мислењето дека се несебични, држељубиви и многу дисциплинирани. Пред се овие жени ценат среденост и комфор. Без конфликт да ги решаваат проблемите. При сето тоа, носители на оваа крвна група доста се тврдоглави а понекогаш и раздразливи. Себеси се доживуваат како потчинети. Во љубовните односи се доста срамежливи. Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа поради емотивна и чусвителна природа, своите чуства ќе ги открие откога ќе биде сигурна дека нема да биде изиграна и повредена. Како сопруги се идеални. Жена со крвна група А, е мајка кои своите деца ги контролира и подржува, но бара и многу од нив.

(Б) крвна група

Овие жени се одликуваат со флексибилен карактер: тие одлично ја поднесуваат осаменоста, а во голем колектив се чуствуваат како риба во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат водни но и потчинети. Поради тоа умеат брзо да извлечат поука од разни ситуации, притоа чувајќи ја својата независност. Таквите жени одлично се снаоѓаат во друштво. Сакаат да флертуваат. Не треба да биде изненадување фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол. Во љубовта очекуваат нежност, задоволство, среќа и верност како и постојано внимание од својот партнер. Во односите со партнерот помалку се напорни и недопирливи, поради тоа тешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога ќе се омажат и станат мајки, доста се верни и посветени на семејството.

(AБ) крвна група.

Претставничките на оваа крвна група се доста чуствителни и стабилни. Тактични се, пристојни и чесни. Притоа овие дами доста тешко носат било какви одлуки: буквално ги разорува сомнеж и внатрешен немир. Таквите жени се многу сакани. Во љубовните односи се доста искрени. Тие сакаат мажи со авантуристички дух, уживаат во љубов само додека им дозволат да останат мистични. Како мајки доста им попуштаат на своите децата, благи се, и не се напорни. Успешно наоѓаат мерка колку можат да бидат другари со своите деца.

Најчитани вести