Loading..

Доцна синоќа во болницата во Дебар бил донесен државјанин на Албанија со повреди во пределот на левата рака и лицето.

Повредениот го донеле две лица исто така од Р.Албанија. Малку подоцна, едниот од нив дошол во Полициската станица Дебар и изјавил дека во несреќен случај на територијата на Р.Албанија, Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Р.Албанија.

Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште – Требиште околу 23,20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар.

За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

извор: Makfax

Најчитани вести