Портпаролот на иранската нуклеарна агенција, Бехроз Камалванди изјави дека Иран збогатил 370 килограми ураниум на ниво од 4,5 отсто, што претставува кршење на ограничувањата од нуклеарниот договор од 2015 година, склучен со светските сили.

Според договорот, на Иран му е дозволено да збогати 300 килограми ураниум, максимум до 3,67 отсто.

Изминатите месеци, Техеран орача дека ќе се повлече од некои обврски, по напуштањето на договорот од страна на САД и воведувањето санкции против Техеран.

Европските држави, кои се против американското повлекување, се обидуваат да го убедат Иран да го почитува договорот. Но Техеран истакна дека со третата фаза од повлекувањето ќе почне во септември и ќе збогатува ураниум на 20 отсто.

Со договорот од 2015 година се настојува да се спречи високо ниво на збогатување ураниум, бидејќи тоа може многу брзо да доведе до развој на нуклеарно оружје.

извор: Makfax

34

Најчитани вести