Со оглед на тоа дека Џенифер неодамна го прославила роденденот, тешко е да се поверува дека познатата пејачка има 50 години и изгледа толку добро.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез, последните неколку години станала секс-симбол. И покрај тоа што неодамна го прославила 50-тиот роденден, оваа американска пејачка не престанува да добива комплименти на сметка на изгледот. 

 

Тоа уште еднаш го потврдил нејзиниот свршеник Алекс Родригез, некогашен бејзбол играч, кој на Инстаграм објавил фотографија од пејачката на која позира во бел костим за капење, а првото што го забележале фановите на Џеј Ло, е нејзиниот извајан стомак.

 

 

"Душо, знам дека убиваш во Русија и дека ти остана уште само еден концерт. Ми недостасуваш, одвај чекам да те видам дома", стои во описот на фотографијата.

 

Тешко е да се поверува дека Џенифер неодамна наполнила 50 години. Таа е и деловна жена, модна дизајнерка, продуцентка и мајка. Институција, како што фановите знаат да напишат на социјалните мрежи. Заработува околу 40 милиони долари годишно.

 

 

Џенифер е активна во сите сегменти на деловниот живот. Имено, нејзиниот филмски проект е приказна за кокаинската кума Гриселда Бланко. Така актерката ќе ја глуми озлогласената колумбиска нарко-шефица во филмот "Кума", ќе биде еден од продуцентите, а постои и можност тој филм да биде нејзино режисерско деби.

 

38

Најчитани вести