Loading..

Полицијата уапси неидентификуван вооружен напаѓач кој отвори оган кон медицинскиот центар „Џеси Браун ветеранс аферс“ во Чикаго, соопшти специјалниот агент на ФБИ надлежен за Чикаго на прес-конференција по инцидентот утрово, додавајќи дека не се пријавени повредени.

„Утрово околу 2: 18 часот, машки субјект влегол во болницата преку влезот на улицата „Тејлор“. Тој носел пушка и почнал да пука. Во рок од 30 секунди полицијата од болницата одговорила и ја ублажила заканата. Никој не е повреден “, рече Џефри Салет.

Името на вооружениот напаѓач и неговите мотиви останаа неоткриени, но според в.д. директорот на болницата, Лори Лохар, тој веројатно не е ветеран.

Тој истакна дека пукањето се случило и во и надвор од болницата, но не кажа колку куршуми биле истрелани.

Минатиот ноември, во пукањето што се случи во друга болница во Чикаго, болницата и медицински центар „Мерси“ , загинаа четири лица, меѓу кои и вооружениот напаѓач. Сторителот, наводно, на паркингот на центарот ја застрелал својата поранешна свршеничка која работела во болницата, а потоа влегол во зградата и отворил оган кон луѓето внатре.

извор: Makfax

Најчитани вести