Loading..

Алберт Втори од Монако (61) решил дел од летниот годишен одмор да го помине во Хрватска. Тој бил на островот Хвар, каде што посетил ресторан кој на социјалните мрежи се пофалил со доаѓањето на гостинот.

„Уште една незаборавна кралска посета на Гарифул. Алберт Втори е сегашен принц на Монако и шеф на династијата Грималди. Чест ни е што нè избра ваква важна личност и убедени сме дека ги исполнивме неговите очекувања“, се вели во соопштението на ресторанот на нивната фејсбук-страница.

ANOTHER UNFORGETTABLE ROYAL VISIT TO GARIFUL! The memory diary continues to be filled with another significant figure….

Posted by RESTAURANT GARIFUL on Понеделник, 12 август 2019

На фотографиите, принцот позира со персоналот на ресторанот на Хвар.

Принцот Алберт има две деца, близнаците Габриела и Жак (4), кои ги доби со монегашката принцеза Шарлин (41). Иако Габриела прва се роди, престолот ќе го наследи Жак затоа што е машко. Момчето ќе ја добие титулата маркиз.

извор: Makfax

Најчитани вести