Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова денеска дојде во Одделот за организиран криминал при ОЈО да даде исказ за аферата „Рекет” во која притворени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.

Стефанова и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Јанева.

Иако бројни новинарски екипи ја чекаа Стефанова пред влезот на ОЈО за организиран криминал, таа влезе од друга страна, притоа избегнувајќи ги камерите.

4

Најчитани вести