Српски Курир обелодени дека всушност првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 всушност го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша.

Како што објави српски „Курир“, Боки 13 на неколку наврати позајмувал пари од Карлеуша, а кога западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто и позајмуваше пари. Кога влезе во долгови и кога естрадната кариера не му одеше баш најдобро, реши на лесен но валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би ги вратил на Карлеуа парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, а остатокот би го искористил за бизнис кој би му донел пари, а половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во случајот Рекет, вели извор за српски Курир.

Воден од оваа идеја почна да преговара со Камчев. Почетната сума која ја побарал од бизнисменот е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спаковани во торба Луј Витон. Снимката на која Боки ги зема парите од Камчев ја објави пред една недела италијанскиот весник Ла Верита. На 4 март Камчев беше ослободен, а пред месец дена Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица, и моментално е во затворот во Шутка, како прво осомничен за случајот Рекет.

Близок со Дивна Карлеуша

Колку беше близок со мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, се покажува со прошталниот статус на Боки на Фејсбук по смртта на Дивна. Тој наведува дека таа му плаќала ручеци во луксузни ресторани и го прифатила кога никој друг не го правеше тоа.

- Додека носев женска маица и сукња, здолниште, ти гордо одеше со мене низ Белград, ме бодреше и ме поддржуваше, додека другите се смееја. Беше како моја втора мајка, беше со мене кога ми беше тешко, кога ми требаше најмногу! Ти беше прва што ме одведовте во нашиот омилен ресторан во Белград, никогаш не ми дозволуваше да платам сметка за ручек или вечера, ти беше најопасната жена што сум ја сретнал. За мене секогаш ќе бидеш единствена и незаборавна Дивна (најубава) Карлеуша. Дивна и Јелена не беа само мајка и ќерка, тие беа борци во борбата за живот. Почивај во мир - напиша Боки 13 на почетокот на март кога почина Дивна.

Најчитани вести