Шарлиз Терон (44) признала дека конечно може да зборува за трауматското детство, пренесуваат британските медиуми.

Нејзиниот татко бил алкохоличар и насилник, кого нејзината мајка го убила во самоодбрана со огнено оружје кога актерката имала само 16 години. Таа неодамна зборуваше и за инцидентот, признавајќи дека тоа ја одбележило за цел живот.

„Ужасно е будењето секој ден како дете на зависник, не знаејќи што ќе се случи овој пат и да се биде апсолутно свесен дека тоа не зависи од мене, туку од количината на пијалак што некој ќе ја испие“, рече таа по тој повод.

Нејзината мајка, која беше ослободена од обвинението бидејќи беше утврдено дека се работело за самоодбрана, ѝ е пример во животот, а денес е крајно блиска со неа, тврдејќи дека е најхрабрата личност што ја знае, откри во неодамнешното интервју.

И покрај тоа што порасна како дете на зависник, таа успеа во актерската кариера.

извор: Makfax

2

Најчитани вести