Loading..

Сообраќајна несреќа во кои учествувале три автомобили и комбе вечерва се случила во скопската населба Порта Влае, јавуваат очевидци на настанот.

Според нив, во несреќата нема повредени лица, возилата се видно оштетени, а на на лице место се собрани голем број минувачи и блокиран е сообраќајот додека се чекаат увидните полициски екипи.

Повеќе детали за тоа како се случила сообраќајната несреќа се очекуваат во текот на утрешниот ден.

извор: Makfax

Најчитани вести