Србија се најде на првото место во светот во однос на директните странски инвестиции, објави денес истакнатиот британски „Фајненшл тајмс“.

 - Одлуката на  „Фајненшл тајмс“ да ја прогласи Србија за светски првак во привлекување странски директни инвестиции по втор пат во три години е резултат на спроведени реформи и потврда дека Србија денес е сосема друга земја од онаа под власт на сегашната опозција до 2012 година - изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за Танјуг.

Според најновата ранг-листа за 2019 година, објавена од специјализираниот сервис на  „Фајненшл тајмс“ (ФТ), Србија е на врвот на рангирањето со индекс од 11,92 поени, што е за 1,33 индексни поени повисоко од минатата година.

Србија привлече околу 107 проекти за СДИ гринфилд инвестиции во 2018 година, што е за 26 повеќе од 2017 година, што претставува зголемување за скоро една третина.

- Србија со рејтинг од 11,92 привлекува скоро 12 пати повеќе странски директни инвестиции, отколку што може да се очекува од економија со нејзината големина - се наведува во текстот.

1

Најчитани вести