СДСМ, како и владата која ја предводи Зоран Заев со месеци се предмет на сериозни коруптивни скандали и непотизам кои не се веќе само домашна тема туку са нивните скандали со криминал дознава регионот и Европа. Меѓу скандалите, веќе со години, е и нивната нескриена намера да го контролираат обвинитеството, СЈО и судовите за политички прогон на нивните неистомисленици без законски основ. Помеѓу останатото, истраги и пресуди нарачани од СДСМ веќе паѓаат пред европските судови во Грција, Унгарија и Шведска.

Јавноста памети десетина изјави на премиерот Зоран Заев со кои од СЈО нарачува истраги и им наредува динамика и тек за истрагите, а еве сега токму СЈО како нивни главен политички инструмент за притисок врз опозицијата, се урива како кула од карти. Десетина изјави на Заев сме виделе и со јавна критика на судовите на кои им дава насоки како да судат, а дополнително се познати и нарачките и притосиците врз обвинителството и судовите кои не се јавни, и кои одат преку функционери во министерството за правда, преку МВР и неколку други канали.

Сред скандалите со кои владата е пред пад, и за какви скандали во Европа воопшто не се доведува во прашање иднина на влада која владее на тој коруптивен начин, неколку функционери на СДСМ денес излегоа со твитер постови во кои се бараат и најавуваат истраги против опозицијата, што е нов јасен партиски и владин притисок врз СЈО и обвинителството.

 

Се најавуваат и наредуваат брзи истраги, со очекувани брзи обвинителски пресуди, дури и за истраги кои Врховниот суд ги забрани со решение дека секоја истрага на СЈО по 30 јуни 2017 е нелегитимна, и дека обвинителите на СЈО кои тие истраги незаконски ги водат можат и кривично да одговараат за истрага од неовластен тужител. Не се битни доказите за СДСМ ни законитоста на постапките пред судот, не се битни ни одлуки на Врховниот суд за истрагите на СЈО отворени по 30 јуни 2017 за СДСМ и владата е битно само да има нови апсења и затвори на политичките противници со кои ќе се отргне вниманието од корупциите на власта, рекетите, непотизмот, лошите резултати во економијта, високите даноци и криминалните договори со нарко подеземјето кое им носи гласови.

Со ваквата политика СДСМ очекува да преговараме со Европа за членство во ЕУ и да имаме инвеститори? Не постои ниту еден пример во Европа за вакви јавни притисоци врз обвинителство и врз судот и нарачки на процеси со игнорирање на одлуки на највисокиот, Врховен суд во државата, а доколку како кај нас ваков вид на мешање во правосудниот ситем се појави санкциите и одговорноста за извршната власт е брза и дефинитивна. Затоа некои други се во Европската унија а ние не сме, и можеби никогаш нема ни да бидеме како последица на ваквото разбирање на власта.

1

Најчитани вести