Loading..

Пејачката Мајли Сајрус (26) минатата година се омажи за актерот Лиам Хемсворт (29). Нивниот брак се чинеше совршен на прв поглед, сепак, пејачката изненади со веста дека се разведуваат. На социјалните мрежи, таа сподели фотографија на која не носи венчален прстен.

Како причина, таа изјави дека обајцата треба да се концентрираат на себе и на своите кариери. Сепак, кавгите започнале уште минатата година и тоа поради планирање деца и желба за проширување на семејството.

„Тој сакаше дете и не сакаше да се откаже или да ги одложи плановите за проширување на семејството, но на Мајли тоа не ѝ беше ни на крај памет. Неговото срце се скрши по тоа“, изјави извор близок на двојката за „ОК! Австралија“.

извор: Makfax

Најчитани вести