Главниот владин гласноговорник Саше Ивановски, вечерва преку текст насловен како: БОМБА НА МАКТЕЛ - АФЕРАТА РЕКЕТ ЌЕ ЕКСПЛОДИРА: ОЈО СПРЕМА ДЕСЕТИЦИ АПСЕЊА ОД УТРЕ ДО ПЕТОК, ЌЕ ИМА УАПСЕНИ СУДИИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ, НОВИНАРИ, ПОЛИТИЧАРИ!! - најавува масовни апсења од утре до петок.

Во текстот е наведено, цитираме:

ОЈО спремало масовно апсење на десетина политичари, обвинители, бизнисмени, новинари поврзани со аферата РЕКЕТ.

Ова Мактел го дознава од извори кои се добро информирани за тоа што се случува и што ќе се случува во државата.

Дознаваме дека во целата работа ќе се вмеша и претседателот Пендаровски кој утре на прес ќе повика ОЈО брзо и одлучно да го расчисти случајот РЕКЕТ кој се заканува да го загрози добивањето на датумот во Октомври.

Дознаваме дека се спремале веќе операциони планови за акција во соработка на ОЈО со МВР! - пишува владиниот Ивановски.

Ако се погледне детално на сајтот, јасно е видливо дека истите за кои медиумите пишуваат дека платиле рекет кај Боки, се спонзори кај Саше Ивановски.

Обвинителството сеуште не истражува, но Телма веќе праша зошто Силјан Мицевски на Боки му платил 750.000 евра преку пензионерката Лилјана Тодоровска. Засега не се знае сумата која преку Еурофарм (фармацевска фирма на ќерката на Сиљан Мицевски) му е платена за наводна реклама на Саше Ивановски на Мактел.

Потоа Ванчо Чифлиганец, кој според признанието на обвинителката Лиле Стефанова, ургирал за информации во актуелните случаи на СЈО, е голем спонзор на истиов сајт. Засега нема информација колку му платил на владиниот Саше Ивановски.

Во спонзорите на Мактел е и Фијат Цаноски, чие семејство деновиве си ги бара парите дадени на Меѓународен Сојуз на Боки 13 преку тужба на Суд. Според информациите во јавноста, во компјутерите на Бојан Јовановски (Боки 13) и Лазар Јанев (син на СЈО Катица Јанева) најдени се компромитирачки фотографии за роднини од неговото семејство, поради што постои сомнение дека платиле рекет од 230.000 евра.

Останува на ОЈО да провери кои од фирмите, колку и зошто спонзорираат на владини сајтови без читаност, а истовремено биле рекетирани во случајот Рекет од Боки 13, каде плаќале милионски реклами без гледаност  и непостоечки проекти за старци.

Најчитани вести