Познатиот шведски водител не знаел дека е во програма во живо, па си дозволил да се глупира, а сега на никого не му е јасно како ќе си ја спаси кариерата, пренесува Live Leak.

Фредерик Ал од "SVT TV" мислел дека има уште време да се подготви пред својата информативна емисија, па пеел и дувал во микрофонот, го вадел јазикот и се кривел. Попатно успеал и да ги навреди сите имигранти, нарекувајќи ги "ќебап техничари" и уште 100.000 жители на еден град на југот на Шведска, велејќи дека "никој не сака да остане во Ешилструн".

 

За тоа време, сите членови на продукцијата и режијата "врискале" од смеење.

Тој продолжил во истиот тон - се глупирал и навредувал, а од SVT TV дозволиле тој во живо да се бламира цели три минути.

На крајот конечно сфатил што се случува...

Најчитани вести