Загрејте 2-3 литри вода со еден филџан морска крупна сол и 1 филџан сода бикарбона. Водата треба да биде млака околу 38-42 степени. Промешајте за да се растопи солта. Во течноста додадете 1 супена лажица бетадине – јод. Киснете ги стапалата во оваа течност додека да излади водата. Изрендајте ги стапалата со специјално ренде или камен, измијте ги и избришете ги. Потоа загрејте 2-4 чаши млеко. Додадете 1 лажица сода бикарбона. Повторно потопете ги стапалата и држете ги додека да излади млекото. Млекото можете да го чувате во шише, во фрижидер за да го искористите и следниот ден-два доколку има потреба.

Најчесто стапалата веднаш после првиот третман стануваат меки со бебешка кожа, но кај потешките случаи ќе мора да се повтори. После секој третман стапалата мачкајте ги со масен крем и завиткувајте ги во памучни чорапи со кои ќе преноќите.

2

Најчитани вести