Ротвајлерот на Џошуа Едвардс исчезнал 2007. година. Едвардс шест месеци активно се обидувал да го пронајде тримесечното кученце, и верувал дека некој го украл.

Меѓутоа, минатата недела Марија Елена забележала деветгодишен ротвајлер како лута по улица и решила да му го пронајде сопственикот.

Со читање на чипот ветеринарот ги дознал податоците на вистинскиот сопственик, но Едвардс воопшто не се надевал дека по 8 години повторно ќе го види своето куче.

Едвардс и неговото куче Дјук повторно се сретнале во болницата за животни, а оваа реакција е непроценлива. Погледнете и уверете се сами.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=keRXRv3ZzAw]

Најчитани вести