Вечер дознава дека еден од двјацата притовореници за случајот „Рекет“, Зоран Милески - Кичеец по негово барање од притворот во Шутка заминал и е пренесен во клиниката на Жан Митрев.

На Кичеец кај Жан Митрев треба да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе трае дури три дена.

Целиот случај е сомнителен за јавноста и постои можност дека се интервенирало од Владата за Кичеец да излезе од затворот Шутка и да престојува три дена кај Жан Митрев за со него да се вршат контакти од страна на лица заинтересирани за случајот „Рекет“, бидејќи е сосема невообичаено процес на колоноскопија да се врши три дена и тоа во приватна клиника.

*Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

Најчитани вести