Иако премногу кофеин може да предизвика несоница, немир и забрзана работа на срцето, во поголемиот дел од случаите кафето е всушност благотворно за здравјето. Има многу намирници и напитоци кои луѓето би требало да ги консумираат помалку, а специјализираниот портал Science Alert пишува зошто кафето не треба да биде на таа листа.

Поздрав црн дроб

Девет научни истражувања покажале дека кафето го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една шолја кафе дневно го намалува тој ризик за 22 отсто, две за 43 отсто, три за 57 отсто, а четири за дури 65 отсто.

Депресија

Едно големо истражување кое било спроведено на 50 илјади жени покажало дека една шолја кафе го намалува ризикот од развој на депресија за 15 отсто, а две до три шолји дневно за 20 отсто.

Алцхајмерова болест и деменција

Мета-анализата од истражувањата околу влијанието на кафето на мозокот, покажала дека љубителите на кафе имаат за 16 отсто помал ризик од заболување од Алцхајмерова болест или деменција.

Болести на срцето

Анализата која ги споредувала резултатите од 200 истражувања покажала дека луѓето кои консумираат три или четири шолји кафе дневно имаат 19 отсто помал ризик да се соочат со смрт од кардиоваскуларни болести.

Рак

Научното истражување кое било објавено во европско списание за превенција на рак покажало дека љубителите на кафе (оние кои пијат најмалку три шолји дневно) имаат 18 отсто помал ризик за развој на рак на црниот дроб, матката, усната шуплина и простатата.

Општа смртност

Истражување направено со половина милион Европејци кое се спроведувало во период од 16 години покажало дека мажите кои пијат три или повеќе шолји кафе дневно имаат 12 отсто помал ризик од прерана смрт, во однос на оние кои не пијат кафе. Кај жените ризикот е помал за седум отсто.

361

Најчитани вести