Loading..

Во текот на изминатиот ден (07.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила од кои 16 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 10 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 55 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Најчитани вести