Жителите на Карпош секојдневно ја критикуваат неспособноста на градоначалникот Стефан Богоев да раководи со општината Карпош.

На социјалните мрежи граѓаните постојано се жалат на неажурноста на градоначалникот за работи кои се од големо значење за жителите кои живеат ширум општината.

Па така спортистите и пешаците кои се шетаат по кејот на реката Вардар се жалат за лошите услови таму.

„Општина Карпош ажурна, овие работи се повеќе од 6 месеци вака. Островче кај Влајко, фонтана и дупка кај Стара телевизија“, се само дел од коментарите преку кои граѓаните ги потсетуваат надлежните за нивната работа.

 

Исто така и Фејсбук страната „Карпош Убав“ потсети дека општината не се грижи за жителите на општината.

Инаку ова не е прво потсетување на жителите на Карпош до градоначалникот Стефан Богоев дека се уште го чекаат да дојде „животот“ кои го ветуваше СДСМ.

Најчитани вести