За новите родители, една од најголемите маки е успивањето на бебето, посебно за оние за кои изгледа дека е потребна цела вечност за да заспијат. Тоа било проблем и за Нејтан Дејло од Сиднеј, кој на својот ЈуТуб канал поставил видео на кое успева да го успие својот 3-месечен син за само 42 секунди.

На почетокот на видеото неговиот син Сет воопшто не е поспан, но изгледа дека Нејтан го открил вистинскиот начин за негово смирување. Тој користи марамче, со кое го милува по лицето. Видеото станало вистински хит меѓу родителите, а еден благодарен гледач напишал: "Ова навистина работи, веќе пет пати вака го успав моето бебе, благодарам!".

[video:https://www.youtube.com/watch?v=Bmf7IUHa18E]

Најчитани вести