Фотографот Карл Тупи, кој ги направил фотографиите изјавил дека се плашел дека апаратот ќе му се стопи од топлината на овој 45 метра длабок базалтен вулкан.

- Погледот е просто неверојатен. Лавата во внатрешноста е постојано во движење, а меурите од лава постојано пукаат, изјавил Тупи.

Тој додал дека температурата била навистина висока, а кога застанал на работ на кратерот, веќе станало неподносливо топло.

Откриено во североисточна Етиопија, Ерта Але е прочуено лава езеро формирано околу 1906-тата година и едно од вкупно шест такви езера на светот.

Името на вулканот во превод на локалното племе Афари значи "Планина која чади", додека кај народот на југот е познато како "Порта на пеколот".

Иако мештаните не се особено гостољубиви кон странците и туристите, околниот терен е секако примамлив и е нешто што треба да се види.

Познатата телевизиска емисија "Најтоплите места на Земјата", во 2009-тата година сними и прилог за овој вулкан и ги направи првите 3D слики од вулканот.

Како вистинско патување до средиштето на земјата, вулканите пружаат единствена глетка во внатрешноста на нашата планета, а прилично е очигледно и зошто жителите токму овој вулкан го карактеризирале уште и како порта на пеколот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=lKJJZsVQAKo]

Најчитани вести