Албанскиот политичар Фестим Лато (43) кој на 21 јули беше пронајден убиен во канал во Амстердам, како што објави холандскиот весник „Телеграф“ имал сопствена војска на неговиот имот во селото Герделанд кај Аферден, Холандија.

Според весникот, фармата личела на касарна, а прпадниците на т.н Ослбодителна војска на Чамарија) ги обучувале војници од Косово.

Лато беше самопрогласен претседател на Чамарија, област на грчко-албанската граница,од каде се протерани илјадници Албанци, а според албанските медиуми оджувал добри врски и со Рамуш Харадинај.

Властите во Холандија биле свесни на фактот дека Лато организирал приватна војска на својот имот во Аферден, но дека од непознати причини, не реагирале.

За време на денот на албанското знаме, 28 ноември, албански национален празник, на тој имот организирана е „воена парада“, а Лато по тој повод изјавил: „Ова е војска која ја создавам“. Таа организација е наречена “Осободителна војска на Чемарија“, со акроним сличен на оние кои се користеле на Косово, во Македонија и на југ на Србија.

„Телеграф“ објави фотографии и видеа од парадата на приватната армија на албанскиот политичар, како и изјави на некои холандски пратеници кои го нарекуваат Фестим Лато опасен.

– Овој човек беше потенцијално опасен и кршеше бројни закони. Сакам да знам од министерот дали знаеше што се случува. Јас исто така сакам да знам каде замина оваа приватна војска и посебно каде заврши нејзиното оружје. Како е можно еден измамник од една непозната земја да формира војска тука, изјави пратеник во холанскиот Парламент обвинувајќи ги полицијата, судот и општинските власти.

Медиумот наведува и дека Лато измамил поголем број бизнисмени од кои земал седум милони евра и оти неговата смрт, според сите околности претставува „одмазда“ на „жртвите“ на кои им ветувал држава Чамарија, а нивните семејства ги оставил во беда.

Нотар, чиј идентитет не сакал да биде наведен, поради неговата работа, дополнително ја открива шемата на измама на Лато.

– Овој човек предизвика беда во многу семејства кои наседнаа на неговите зборови. Тој доведе голем број семејства во финансиска бездна, мамејќи ги за Чамарија. Тој фалсификуваше официјални документи, за да „докаже“ пред нив дека неговата организација добива милиони евра од Европската Унија. Тој им бараше на луѓето големи износи на пари и на оние кои ќе му поверуваа им ветуваше дека кога ќе ја формира Чамарија великодушно ќе бидат наградени за тоа, изјави нотарот кој додава дека Лато имал милиони евра и оти е сигурен дека истите ги трансферирал во Албанија, како што верува дека убиството е „одмазда“.

Лато беше роден во Валона, а 25 години живееше во Холандија а независноста на „Република Чемарија“ од Грција ја прогласил на 30 октомври 2016 година кога се именуваше и за претседател на републката. Во 2017 вети дека ќе почне со изработка на првите 500 пасоши на „Република Чемарија“. Во 2005 година објави формирање Ослободителна војска на Чамарија, која во грчкиот пограничен град Јанина, разделуваше брошуи за ослободувањето на Чамарија од Грција.

– За кратко време, според информациите што ги имам од различни извори, границите ќе се променат, но во корист на Албанците. Ниту една педа албанска земја нема да премине во рацете на Грците, Македонците или Црногорците. Сите овие простори кои насилно ни се одземени ќе бидат обединети во еден центар, во како што се нарекува „Природна Албанија“, изјави Лато пред неколку години.

Албанската политика имаше пасивен став кон Фестим Лато, кога тој го повикаше народот да му веруваат за проектот да создаде една Албанија во која секој би сонувал да живее, вклучувајќи ја и територијата на Чамарија.

Лато беше погребан на 27 јули во родната Валона, Албанија, а беше испратен со знаме на „Голема Албанија“.

1

Најчитани вести