Туристите и жителите во градот Ресифе во Бразил, не можеле ни да помислат дека еден обичен ден ќе се претвори во вистински пекол.

Имено, капачите безгрижно уживале на плажата и гледале како морето создава пијавица. Таа појава воопшто не ги загрижила, се додека невремето не дошло до самата плажа.

Олујата наеднаш започнала да носи предмети и чадори, а на снимката која била направена од терасата во близина, се гледаат и луѓе кои врискајќи бегаат за да се спасат.

"Ветерот носеше чадори, столчиња и лежалки. Носеше дури и мали деца. Луѓето бегаа и бараа помош", рекла една шокирана девојка која се нашла на плажата, пренесува telegraf.rs.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=qpO8M6O0L2s]

Најчитани вести