Необичните спотови на пејачката Сиа во последно време ја тресат јавноста. Покрај тоа што пејачката не го покажува лицето, во нив вниманието го привлекува и талентираното мало девојче што танцува Меди Зиглер.

Малата Американка особено го привлече вниманието со последниот контроверзен спот за песната "Elastic Heart" со актерот Шај Лабаф.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=2vjPBrBU-TM]

Меди односно Медисон Зиглер родена е 2002 година во Питсбург и од најраното детство се занимава со најразлични видови на танц. Од својата втора година во едно познато студио тренира балет, акробатика, степување...

Поради танцот родителите на Меди се развеле. Нејзината мајка признала дека воопшто не го гледала сопругот бидејќи постојано ја пратела ќерка си на пробите и седела во студиото додека таа играла. Но успешно му го испразнила паричникот плаќајќи ги најдобрите курсеви за својата ќерка.

Меди на своите 517.000 фанови на Твитер им се извини ако се навредиле од спотот "Elastic Heart". На Инстаграм таа има повеќе од два милиони следбеници.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=KWZGAExj-es]

Неодамна на Греми наградите ја изведе новата верзија на песната "Chandelier" заедно со комичарот Кристен Виг.

Најчитани вести