Споредувајќи ги американските и руските претседателски избори, Клинтон, која многумина ја доживуваат како главен кандидат на демократите за претседателските избори во 2016 година, со подбив го одглуми замислениот дијалог на Путин со самиот себеси пред повторно да стане претседател.

-Можете да си го замислите тој дијалог, рече Клинтон, - Беше претседател, па премиер, а Медведен стана претседател...

- Владимир, мислам дека повторно би сакал да бидеш претседател.

- Да, мислам дека би сакал.

- Па да го објавиме тоа? Ќе му кажеме на Дмитриј дека ќе биде премиер.

- Апсолутно, одлична идеја! - кажала Хилари Клинтон, имитирајќи го Путин.

 

Најчитани вести