Мачката-скитник наречена Маша од рускиот град Обнинск, стана вистински херој откако спаси едно бебе од смрзнување.

Како што јавија руските медиуми, Маша се качила над една кутија во кое било оставено бебето старо 12 недели и со своето тело го греела дедека температурите биле под нулата.

Напуштеното бебе било оставено во кутијата во еден станбен блок во кој Маша живеела повеќе години, а ја хранеле станарите во зградата.

„Спасувачката акција" на Маша траела се додека станарката на зградата Надежда Маковикова не го видела бебето.

- Се спуштав по скалите и слушнав како плаче бебе, изјави Маковикова, која додаде дека подоцна Маша трчала околу болничарите кои дошле да го преземат бебето.

Претставничка на болницата во Обнинск изјави дека бебето престојувало во кутијата неколку часа и на студот преживеало благодарејќи на Маша.

Најчитани вести