Бо Дерек се појави на премиерата на документарниот филм на Камерон Кроу „David Crosby: Remember My Namе“ во Лос Анџелес, каде што им позираше на фоторепортерите.

Русокосата убавица, која и во 63. година од животот привлекува внимание со својот изглед, се прослави со улогата во филмот „Десетка” на режисерот Блејк Едвард. Многумина се сеќаваат на сцената од филмот, во која младата Бо трча во едноделен златен костим за капење по плажа, со коса сплетена во бројни плетенки.

Денес Дерек ретко се појавува во јавноста и уште поретко дава изјави, но пред неколку години во интервју призна дека не е лесно да се старее во Холивуд.

„Не е лесно да се старее, тоа не е за слабаци. Бет Дејвис беше апсолутно во право во врска со тоа. Понекогаш ме фалат што не сум отишла на затегнување на лицето, а понекогаш ме критикуваат дека треба да одам“, откри Бо, која е веќе 16 години во врска со пет години помладиот актер Џон Корбет, познат по улогата на Ајдан од „Сексот и градот” и филмот „Мојата голема дебела грчка свадба”.

 

извор: Makfax

Најчитани вести