Најмалку 2,212 нелегални мигранти беа приведени низ Турција изминатата недела, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Околу 645 мигранти беа фатени во повеќе операции од страна на жандармеријата во Едрене, на границата со Грција и Бугарија.

Во источните провинции Ван и Ерзурум, фатени се вкупно 678 мигранти минатата недела.

Понатаму, во Чанакале, Баликесир, Ајдин, Измир и Мугла, полицијата и жандармеријата фатиле вкупно 654 мигранти кои се обидувале да преминат во Европа преку Грција.

Во јужната област Адана се фатени околу 107 нелегални мигранти, додека пак во северозападот на Турција приведени биле 114 нелегални мигранти.

Во областа Хатај, пријавени се осуммина мигранти кои нелегално влегле во Турција од Сирија.

Меѓу приведените се мигранти од Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Египет, Бангладеш, Сенегал, Центрана Африка, Алжир, Мароко, Тунис, Сомалија, Либија, Того, Камерун и Палестина.

Дел од мигранти се се задржани во болница за лекување, а голем дел се пренесени во локалните прифатилишта за мигранти.

Според Министерството за внатрешни работи минатата година во Турција биле задржани околу 268.000 нелегални мигранти.

извор: Makfax

2

Најчитани вести