Француска подморница која исчезнала пред повеќе од 50 години, е лоцирана од страна на истражувачки тим. Францускиот министер за одбрана, Флоренс Парли објави на Твитер, опишувајќи го откритието како „олеснување и технички подвиг“.

Во подморницата биле 52 морнари кога исчезнало пловилото во близина на пристаништето Тулон, на јужниот брег на Франција, во јануари 1968 година.

Претходните напори за пронаоѓање на подморницата беа неуспешни.

извор: Makfax

Најчитани вести