Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј.

Реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин ќе се одвива во наредните 40-ина дена. Додека траат градежните работи, на булеварот ќе се воведе привремен режим на сообраќај.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.

извор: Makfax

8

Најчитани вести