Граѓаните се почесто се збунети кога користат некоја интернет страница на некое јавно претпријатие во нашата земја.

Секојдневните раскопувања во екот на летото на улиците и тоа за време на работно време ги тера граѓаните се почесто да се информираат за работните настани и протокот на сообраќај преку јавното претпријатие „Улици и патишта“, но попусто.

Доколку сакате да дознаете кои се дневните активности на претпријатието во месец јули, вас ќе ве пречека информација дека „Скопските коловози целосно расчистени од снег“, информација која не е ажурирана од февруари годинава.

Овие збунувачки информации се уште еден доказ за неажурноста на претпријатието на чие чело веќе три години човек од редовите на СДСМ.

Инаку во медиумите претходно директорот Сенад Сенко Смаиловиќ го тресеа неколку скандали.

Прво тој стана директор на претпријатието за само три месеци откако претходно беше возач на заменикот министер за здравство, а потоа и си ја покачил платата од 1.000 на 1.700 евра.

Освен неажурноста и (НЕ)работењето на техничките служби вработени во државната администрација, граѓаните пребарувајќи информации на страната на градот Скопје се прашуваат каде живеат откако Заев го промени името во „Северна“ Македонија, бидејќи тоа не е променето.

2

Најчитани вести