Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 36 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени. Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.

извор: Makfax

101

Најчитани вести