Loading..

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека институцијата нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд.

Спасовски додаде дека ако се трга од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава.

„МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд“, рече Спасовски.

Тој денеска присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.

 

извор: Makfax

Најчитани вести