Loading..

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето утринско соопштение.

Од таму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax

Најчитани вести