Loading..

Состојбата на тригодишно девојче од Русија е стабилизирана откако детето случајно голтнало таблета екстази на Ибица, соопшти лекарската служба од шпанскиот остров.

Девојчето и натаму е во болница, јави агенцијата „Тасс“, но според лекарите таа веќе не е во критична состојба.

Руската амбасада во Шпанија издаде соопштение дека ситуацијата е под контрола.

Од генералниот конзулат на Русија во Барселона за „Тасс“ велат дека од неколку извори добиле информации оти девојчето било затруено додека било на одмор со своите родители.

Локалната полиција соопшти дека девојчето веројатно ја нашло таблетата падната на земја, на едно од локалните игралишта.

Полицијата започна истрага во врска со случајот.

извор: Makfax

Најчитани вести